Општи услови на користење на веб-сајтот и услугите на ЕЗО ТЕХ.
Последна измена: 22. април 2026. години
Со пристап и користење на веб-сајтот ezo.mk и услугите на ЕЗО ТЕХ, се согласувате со овие општи услови на користење. Ве молиме внимателно да ги прочитате.
ЕЗО е бренд под кој работи ЕЗО ТЕХ ДОО, регистрирано на територијата на Република Северна Македонија (ЕДБ 106078621, МБ 20523085, адреса: ул. Борис Трајковски 73, Кисела Вода, 1000 Скопје). Сите услуги се нудат во согласност со важечките закони на Република Северна Македонија и соодветните директиви на ЕУ.
Целата содржина на веб-сајтот — текстови, слики, логотипи, дизајн, видео — е интелектуална сопственост на ЕЗО ТЕХ или на нивните даватели на лиценци. Копирање, дистрибуција или комерцијална употреба без писмена согласност не е дозволена.
Сите цени на сајтот се информативни. Обврзувачка понуда се издава по теренска процена. Го задржуваме правото да ги менуваме цените без претходно известување. Сите нарачки ги потврдуваме во писмена форма (е-пошта или договор).
Се трудиме секоја информација на сајтот да биде точна и актуелна. Сепак, не превземаме одговорност за евентуални грешки или неактуелност на содржината. За официјални информации секогаш обратете се директно до нашиот тим.
Обработката на лични податоци се врши во согласност со нашата Политика на приватност. Со пополнување на формите на сајтот се согласувате со обработка на податоците заради одговор на вашето барање.
Официјалните договорни односи се засноваат на потпишан договор или прифатена понуда преку е-пошта. Споровите се решаваат примарно мирно, а во случај на неможност пред надлежниот суд во Скопје.
Го задржуваме правото да ги менуваме овие услови во било кој момент. Со продолжувањето на користење на сајтот по измената, се согласувате со новите услови.
За сите прашања во врска со овие услови, контактирајте нè: